Северна Кореја ќе добие два милиони вакцини преку Ковакс, иако нема пријавено ниту еден случај на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Кореја се очекува да добие речиси два милиони дози вакцина против Ковид-19 развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд до крајот на првата половина на годината, јави агенцијата Јонхап.

Агенцијата наведува дека системот Ковакс потврдил оти на Северна Кореја, до крајот на првата половина на годината, ќе и дистрибуира 1.922.000 дози вакцини на АстраЗенека произведени под лиценца на индискиот институт Серум, најголемиот светски производител на вакцини. 

Северна Кореја е една од земјите која нема пријавено случај на коронавирус, иако многумина се сомневаат во тоа, со оглед дека оваа земја важи за една од „најзатворените“ во Светот.