Северна Македонија 1 година во НАТО – дел од најмоќната воено политичка алијанса во Светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По поздравот со почесната гарда, следуваа и меѓусебни честитки.

Заев: Нека ни е честита една година претседателе!
Честито за многу години…

Северна Македонија одбележува една година од членството во НАТО Алијансата. Нашата држава една година е дел од најсилната воено-политичка организација во светот.

Прво интонирање на химите на Македонија, НАТО и Армијата, а потоа и прелет на НАТО авионите.

Членството во НАТО беше наша битка и ја добивме, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Пендаровски и Заев порачаа дека со НАТО создадена е безбедна и стабилна држава.

-Оваа генерација на македонски граѓани, знаеше дека единствениот вистински начин да се одолжиш на своите претци, за нивните историски и исправни одлуки е да ја покажеш истата храброст и мудрост, тогаш кога ќе ги биеш новите битки. Членството во НАТО беше наша битка и ние оваа битка ја добивме. Со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме.-рече Шекеринаска.

-Алијансата е посилна поради вашите заеднички принципи и вредности, вашата посветеност кон идеалите за слобода и демократија и вашата црвста решеност да обезбедите мир и стабилност-изјави Адмирал Роберт Бурк.

-Членството во НАТО не е гаранција дека веќе нема да се соочуваме со предизвици, бидејчи тие се неминовни за секоја држава во светот. Меѓутоа, членството е гаранција, дека кога ќе се соочуваме нема да бидеме сами и дека нашата подготвенсот за отпор и за одбрана ќе биде мултиплицирана-изјави Пендаровски.

По свечените говори, демонстрација на способноста и подготвеноста на Армијата.

Патот кон НАТО го отпочнавме во далечната 1993 година со одлуката на Собранието за стапување во северно-атланската договорна организација односно НАТО.

По Преспанскиот договор и промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија процесот е откочен.

Конечно, во самитот во Брисел во 2018 година официјално ни беше упатена покана за започнување на пристапните преговори за челнство во НАТО.

Проткоколот за пристапување во НАТО беше потпишан на 6-ти февруари 2019 година, а на 27-ми март во Вашингтон, со последниот формален чекор, депонирањето на инструментот за пристапување во Стејт департментот, Северна Македонија и официјално стана дел од Алијансата.