Дваесет дена пред годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, се уште нема консензус меѓу учесниците за егзистенцијалните прашања на Организацијата. Османи беше прашан ако ниту еден руски министер не дојде во Скопје, како ќе се носат одлуките на ОБСЕ без присуство на Русија!? Тој рече дека Руската Федерација ќе учествува со свои претставници, додавајќи дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, испратил писмо во кое бара учество во Скопје, но неговото доаѓање има одредени предизвици.
За прв пат се соочуваме со недостиг на претседавач за 2024 година, а за 2025 година веќе е одреден претседавачот, а тоа е Финска, рече Османи, додавајќи дека бара алтернатива за да не згасне ОБСЕ. Но доколку не се најде претседавач, нашата земја повторно ќе го преземе претседавањето со организацијата и покрај тешкотиите, уверува шефот на македонската дипломатија.
Инаку, годишниот министерски состанок на ОБСЕ, кој ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголемиот настан во земјава и според димензиите и според содржината, рече министерот за надворешни работи. Ќе учествуваат 76 делегации од земјите членки и партнери на ОБСЕ, а се очекуваат околу 1.000 членови на делегациите.
