Огромна бронзена статуа на пејачката Шакира, висока 6,5 метри, беше откриена во нејзиниот роден град Баранкила, на северот на Колумбија.
Бронзената статуа ја отсликува популарната Шакира во танцов потег што е карактеристичен за кореографијата од нејзиниот спот за песната „Hips Don’t Lie“.
Според информациите на Гугл, Шакира е меѓу најпребаруваните имиња, а пред веста за откривањето на статуата во Баранкила, пејачката оваа година неколку пати беше во очите на јавноста, особено по објавувањето на песната за нејзиниот поранешен партнер , поранешниот фудбалер Жерар Пике.
SMALL AND HUMBLE: A 21-foot bronze statue of Shakira was unveiled to honor the artist in front of her parents in the city where she was born and raised.
— ABC News (@ABC) December 27, 2023
It's an "example of the enormous artistic talent of the people of my land," the star said. https://t.co/fjtucSfrxZ pic.twitter.com/HTIWJts0iR
Шакира беше во центарот на вниманието на јавноста за време на судскиот процес поради даночна измама, а тужбата е покрената во Шпанија, а таа е должна да плати казна во износ од 7,5 милиони евра.
На откривањето на статуата присуствуваа родителите на Шакира Вилијам Мебарак и Нидија Рипол, како и градоначалникот на родното место на пејачката Баранкиља.
Натписот на темната плоча во основата на статуата ја фали уметничката за нејзините „колкови што не лажат, уникатниот талент и гласот што ги движи масите“.
