Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека нема амбиција да стане иден амбасадор на НАТО бидејќи, како што рече фокусирана е на работата на Министерството за одбрана и тоа што ќе с е случува во иднина.
Ова Шекеринска го изјави на полигонот Криволоак по обиколката за подготовка на теренот каде ќе се изведе најголемата меѓународна вежба со учество на 5200 припадници на сојузните армии како и Армијата на Северна Македонија. Во вежбата “SWIFT RESPONSE 22” ќе учествуват припадници на армијата на САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија.
„Горд сум што ја имав честа да соработувам со вас за овие проекти чија цел е да се искористи целиот потенцијал на овој капацитет. На Криволак до сега беа организирани многу добри вежби како Одлучен удар 19-21 и овие настани се доказ за одличниот капацитет на овој полигон за обука“, вели Пит Раул.
Реконструкцијата на Криволак започна во 2020. Беше зачувана постоечката инфраструктура но и новата, а периодов се градат, реконструираат и санираат објекти, тоалети и места за вежби. Во периодов што следи планирана е набавка на 32 контејнери за сместување кои ќе го зголемат капацитетот на полигонот.
