Шекеринска: После Преспанскиот договор, Преспа стана симбол за поинакви меѓусоседски односи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Носителката од СДСМ во изборната единица 5, Радмила Шекеринска во изборната дебата на ТВ21 посочи дека во изборната единица 5, тие практично мора да инвестираат на цела територија.

„Ни треба Гостивар – Кичево како скап и тежок проект, некаде проценките се дека 340 милиони евра дека тоа ќе чини. Ни треба да го завршиме до крајот на 2021 година Кичево – Охрид, ни треба, исто така Прилеп – Битола којшто е планирано како автопатско решение, и Битола да ја врземе со Меџитлија, со границата со Грција“, порача Шекеринска.

Таа додаде дека регионалните правци да ги искомбинираат како експресни или реконструирани за да може брзо да се стигнува.

„Врската кон Грција, врската кон Албанија го прави целиот тој регион по жив и нашиот план е прво Охрид, се разбира, да го зачува статусот на УНЕСКО, но да понудиме поголема инвестиција во Преспа како резултат на тоа за тоа што Преспа навистина после Преспанскиот договор стана симбол на поинакви меѓусосетски односи“, порача Шекеринска.