Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека сѐ уште не може релаксирано да разговара за 27-ми април.
„Ќе се фатам за глава и ќе осетам, ќе ме потсети, но повеќе од тоа е срамот и шокот дека такво нешто може да се случува во моја земја, во нашето Собрание, на работно место“, истакна Шекеринска.
Таа додава дека сѐ уште не може да поверува дека тоа се случило.
„Кога ќе видам дека толку бавно тече процедурата за главните виновници – јас сум нервозна, лута. Мислам дека настаните во Вашингтон не потсетија која е одговорноста да има казна за тоа што се случи. И тоа не е казната, само тие што влегле и се потрудиле да не убијат, одговорноста е кај оние кои ги организирале, ги убедиле и создале атмосфера во која насилството е легитимно“, посочи министерката Шекеринска.
