Денеска се одбележува шестгодишнина од еден од најгрозоморниот случај во авиоиндустријата кој го шокираше Светот. Летот на нискобуџетната авиокомпанија „Џерманвингс“ 4У 9525 кој летал во од Барселона до Дизелдорф, се урнал во француските Алпи, во регионот Прованса-Апли-Азурен Брег, во јужниот дел од земјата.
Во авионот се наоѓале 150 лица и членови на екипажот, и никој не ја преживеал несреќата. Смртта настапила веднаш по уривањето. Авионот достигнува висина од 12 илјади метри, на кој останува неколку минути. Во 10:31 часот нагло губи на висина, да во 10:53 часот во моментите кога бил на висина од 1.800 метри, го губи контактот со радарот на француската агенција за цивилно воздухопловство, која превзема мерки за секоја авионска несреќа.

Големиот дел од жртвите биле германски државјани (67), потоа 45 од Шпанија, по двајца од Австралија, Колумбија и Мароко, и по еден жител на Белгија, Данска, Израел, Холандија и Турска.
Причините за несреќата биле откриени по неколку дена, и тие го шокираа светот. Според податоците од црните кутии, причината за падот било самоубиството на копилотот Андреас Лубиц.
Податоците од црни кутии покажаа дека капетанот заминал на пауза и во тоалет. Копилотот тогаш ја заклучил кабината, која е непробојна, и мора некој да ја отклучи од внатре. Капетанот приметил дека е заклучена вратата и дека авионот почнува да губи на висина. Почнува со секира да ја крши врата, но тоа не му успеало. Авионот се забил во планина и веднаш убил 150 лица.

Подоцна било утврдено дека Лубиц имал психички проблеми, со што е почната голема истрага, а оваа несреќа и целосно ја смени постапката на однесување во авионската кабина. Од тогаш во кабината мора да бидат минимум три лица, односно во секој момент да бидат присутни минимум по две лица.
