Шест лица од гинекологија во Битола се во изолација поради потврден случај на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест лица од одделението за гинекологија и акушерство од клиничката болница во Битола се во изолација заради контакт со потврден случај на една вработена, пренесува Тера ТВ потпирајќи се на изјава на директорката Билјана Гагачовска.

Вработената која е заразена со коронавирус е хоспитализирана на инфективното одделение.

Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 на инфективното одделение во Битола изнесува 30.