Шилегов: Да за премиер Албанец, но не со уцени – Османи: Албанците имаат нивен кандидат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставникот на Централното раководство на СДСМ, Петре Шилегов во интервју за ТВ21 меѓу другото зборуваше и за премиер Албанец. На прашањето дали СДСМ е против оваа идеја, Шилегов рече дека немаат проблем премиер да биде Албанец, но дека тоа не се прави со уцени, туку со договор.

Советникот за финансии во СДСМ Фатмир Битиќи на прашањето дали е можно тој да биде премиер Албанец, овој пат од редовите на СДСМ, тој рече дека во политиката се е можно, но потоа се коригираше велејќи дека дошло до недоразбирање, односно дека мислел дека станува збор за некое министерско место.

„Во политиката сѐ е можно, но ќе оставам мандатарот, во овој случај г.Зоран Заев да одлучи дали сум најдобриот кандидат за некое министерско место, и се разбира ако имаме таква чест ќе покажеме дека навистина знаеме како да се грижиме за оваа држава“, вели Фатмир Битиќи.

Од друга страна, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за ТВ21 рече дека се знае кој е премиерот Албанец.

„Преговорите сѐ уште не се почнати. Албанците имаат нивен кандидат легитимиран на изборите“, порача Бујар Османи.

Дебатата за премиерот Албанец започна првиот ден откако ДУИ излезе со ваква идеја, која беше оспорена од Зоран Заев. И албанските партии не го поддржаа кандидатот за премиер Албанец бидејќи според нив, ова било само предизборна измама на ДУИ за привлекување на што е можно повеќе албански гласови.