Шилегов: Грешките на Обвинителството го поткопуваат правичниот процес за „Пулс“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот Петре Шилегов, еден од бранителите во постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, повторно упати критики до Обвинителството, оценувајќи дека пропустите во текот на постапката можат да влијаат врз фер-судењето.

По завршувањето на денешното рочиште, Шилегов изјави дека судот треба прецизно да се произнесе по приговорите на одбраната, бидејќи, како што рече, станува збор за суштински, а не за формални прашања.

„Клучно е дали ќе бидат почитувани начелата на правичен процес во понатамошниот тек на судењето. Во спротивно, целиот предмет може да биде предмет на успешна жалба,“ нагласи адвокатот.

Тој потсети дека и на претходното рочиште одбраната укажала на истите пропусти, но дека Обвинителството повторно не постапило со потребната сериозност.

„Таквиот пристап е несоодветен — пред судот, пред семејствата на жртвите, пред одбраната и пред самите обвинети,“ истакна Шилегов.

Според него, ваквите ошибки го нарушуваат основниот принцип на секој судски процес — виновните да бидат санкционирани, а невините ослободени од одговорност.

„Со вакво постапување, Обвинителството го ограничува просторот правдата навистина да се оствари,“ додаде тој.