Шилегов: Инцидентни се случаите кога во јавниот превоз не се почитуваат мерките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во дебатното издание „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека инцидентни се случаите кога во јавниот превоз не се почитуваат мерките и препораките за заштита од ширење на коронавирусот.

„Има случаеви дека се појавуваат автобуси каде има поголем број на патници од потребното, не е спорно тоа. Тоа ние што го правиме е тоа дека ги појачуваме тие линии во даден час и во даден период во денот со цел да избегнеме такви ситуации“, посочува Шилегов.