Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, денеска се обрати од улицата Васил Ѓоргов во центарот на градот, од каде рече со оваа улица завршила малата градежна иницијатива на Градот за санација на неколку улици.
Околу прекопот кој го направи ЕВН на улицата, Шилегов коментираше:
„Улицата не беше завршена. ЕВН еднаш изврши прекоп, но јас не бев задоволен од тоа како изгледаше. Имаше опасност улицата да пропадне, и за неколку месеци да имаме дупка. Од тие причини дадов налог да се поправи таа линија на кабелот на ЕВН и како што може да видите асфалтот е слеан“, рече Шилегов.
