Адвокатот Петре Шилегов кој го застапува Шофкет Хајдари, поранешен советник во Министерството за економија, денеска по рочиштетот кажа дека едно судење за „Пулс“ ја чини државата 100.000 евра, и дека се изведуваат докази кои немаат никаква допирна точка со трагичниот настан.
„Уште на почетокот на судењето кажавме дека со ваквиот опфат на обвиниението прво предолго ќе трае. Едно судење ја чини оваа држава 100.000 евра, тоа не треба да се заборави, за внатре да гледаме дека нѝ изнесуваат докази дали некој кафич плаќал комиунална такса или не плаќал, и дали општината тоа го спровела, што апсолутно нема никаква допирна точка со кривично-правниот настан“, рече Шилегов.
