Шкендија го дозна можниот противник: Ако го мине Хибернијан, ќе се соочи со Гетеборг или Гент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шкендија го дозна можниот противник во плеј-оф фазата на УЕФА Конференциската лига. На денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, беше одредено дека, доколку тетовскиот тим го елиминира Хибернијан од Шкотска во третото квалификациско коло, во последната фаза пред лигашката фаза ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Гетеборг од Шведска и Гент од Белгија. Од тетовскиот клуб велат дека во моментов се фокусирани на пресметката со Хибернијан. Првиот натпревар се игра во четврток во Единбург, додека реваншот една недела подоцна во Скопје. Во случај на пласман, натпреварите од плеј-офот во Конференциската лига ќе се одиграат на 21 и 28 август.