Шкендија ја доби Мура од Словенија за противник во квалификациите во Лигата на шампионите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Нион, Швајцарија беше одржана ждрепката за 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите, во кое настапува и македонскиот првак Шкендија.

Шкендија за противник го доби тимот на Мура од Словенија, кој годинава за прв пат во историјата ја освои титулата.

На првиот натпревар кој се игра на 6 или 7 јули, Шкендија ќе биде домаќин, на 12 или 13 јули ќе гостува во Словенија.