Шкендија останува непоразен тим во настапите во Европа, откако вечерва успеа да извлече големо реми во дуелот со АИК Стокхолм, и тоа на гостински терен во првиот меч во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Тетовци водеа со голот на Хасани во 26. секунда, а израмни искусниот Гуидети во 17. минута. До крајот на натпреварот и Шкендија и домашниот тим имаа прилики за поинаков резултат, но голови немаше.
Реваншот се игра во Скопје идниот четврток.
Лошо мина екипата на Шкупи, која е поразена од Шамрок Роверс од Ирска со 3-1. На гостувањето во Даблин, домашниот тим имаше 2-0 по првиот дел со головите на Бурке и на Вотс. Во вториот дел Куевен постигна прекрасен гол и намали на 2-1, но во последните секунди од мечот О’Нил постигна погодок за конечни 3-1. Во меѓувреме Шкупи при 2-1 остана и со играч помалку после црвениот картон на Хамиди.
Реваншот Шкупи го игра во вторник на Националната Арена „Тодор Проески“.
