Шкендија загуби од Карабах и на реваншот, и е елиминирана од Лигата на шампионите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на Шкендија не успеа да се пласира во плеј-офот во Лигата на шампионите, откако вечерва на реваншот на гостувањето кај Карабах загуби со убедливи 5-1. Така со вкупни 6-1, шампионот на Азербејџан продолжува во следната фаза од најелитното клупско натпреварување, а македонскиот шампион ќе ја бара шансата во плеј-офот во Лигата на Европа.

Иако поведе со 0-1 во 10. минута со голот на Тамба, сепак, до крајот на полувремето Шкендија четири пати ја вадеше топката од својата мрежа. На полувремето беше 4-1, а во вториот дел уште еден гол со кој ја запечати судбината на тетовскиот тим.

Сега избраниците на Јетон Беќири го чекаат поразениот од дуелот Ференцварош – Лудогорец во плеј-офот во Лигата на Европа.