Шокантен старт на годината за Ѓоковиќ: Во Бризбејн загуби од 293-тиот тенисер на светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, доживеа непријатен и шокантен пораз во 1/4 финалето на АТП турнирот во Бризбејн, кој се игра како загревање за првиот грен-слем во годината, Австралија Опен.

Србино со 2-0 загуби од американскиот тенисер Рајли Опелка, кој е на 293-тата позиција на АТП листата. Со тоа уште еднаш се покажа слабата форма на Ѓоковиќ.

Во првиот сет Американецот поведе преку тај-брејк. Опелка во вториот сет поведе и со 4-1, а потоа предноста ја сочува до крајот за конечна победа.