Шпанија во паника: Ламин Јамал може да го пропушти Мундијалот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Може ли Шпанија да остане без една од своите најголеми ѕвезди Ламин Јамал за престојниот Мундијал? Ова е прашањето кое го поставуваат сите на „Апенините“ после последната повреда на младата ѕвезда на Барселона по повредата на мечот со Селта.

Јамал го постигна победничкиот гол на тој натпревар во триумфот од 1-0, но на полувремето мораше да остане во соблекувалната. Го чека подолга пауза, а се стравува дека рехабилитацијата би можела да потрае и со месеци, со оглед дека првите извештаи говорат дека за него оваа сезона е завршена.

Затоа Шпанија сега е во трка со времето да го оспособи за Мундијалот, со оглед дека е еден од клучните играчи за добар настап на „Фуријата“ на СП.