Шпанската полиција ја објави причината за сообраќајката во која загинаa Диого Жота и неговиот брат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанската полиција во вторник објави дека првичните резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која загинаа напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат во Шпанија минатата недела укажуваат на „прекумерна брзина“.

Извештајот на експертот е сè уште „во тек“ и ќе се фокусира на „трагите“ што ги оставило едното тркало на возилото, но „сè укажува на прекумерна брзина што ја надминува дозволената брзина“, објави Шпанската цивилна гарда. Имаше информација дека на автомобилот му пукнала гума.

Очигледно, Диого Жота го возел автомобилот во времето на несреќата, која се случила ноќта меѓу 2 и 3 јули, додаде истиот извор. Автомобилот Ламбурџини бил изнајмен, за фудбалерот да може да оди до Сантандер, од каде требало да фати траект за да оди во Англија, и да се јави на подготовките на Ливерпул. Нему му било препорачано да не користи авион, поради неодамнешната операција на белите дробови.

28-годишниот португалски репрезентативец и неговиот помлад брат Андре (25), исто така професионален фудбалер во втората лига на Португалија, загинаа во сообраќајна несреќа на автопат во покраината Замора, во северозападна Шпанија. Двајцата браќа веќе биле мртви кога пристигнале службите за итни случаи.

Нивното возило, изнајмено Ламборџини Хуракан според португалските медиуми, „излетало од патот“ пред да се запали, соопшти Цивилната гарда, шпанскиот еквивалент на жандармеријата, еден ден по несреќата.