Штипски гимназијалец освои бронза на Менделеевата олимпијада по хемија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија од СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип.

Од училиштето информираат дека овој успех е резултат на неговиот долгогодишен труд, посветеност и љубов кон науката. Воедно потенцираат дека Христов достојно ја претставил гимназијата и покажал дека знаењето и упорноста носат врвни резултати.

„Со особена гордост го истакнуваме успехот на нашиот ученик, кој освои бронзен медал на ова престижно натпреварување. Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само почеток на неговите идни успеси“, велат од гимназијата.

Менделеевата олимпијада по хемија важи за една од најстарите и најпрестижни меѓународни натпреварувања во оваа област, а годинава се одржа во Москва, Русија.