Штипскиот кардиохирург д-р Сашко Николов спаси живот во Суботица на кошаркарски натпревар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Штипскиот кардиолог Сашко Николов, кој воедно во минатото беше и градоначалник на Штип, спаси живот на лице за време на меѓународен турнир во кошарка за ветерани во Суботица.

Откако завршил натпреварот, еден од учесниците паднал во бесознание од масивен срцев удар. Лицето не давало никакви знаци на живот, па реагирал докторот Николов, кој и самиот бил учесник на овој турнир.

Брзата и стручна реакција биле клучни да се спаси животот.

Николов направи уште еден професионален подвиг, и со тоа доби пофалница, медал и аплаузи од жителите на Суботица.