Што би значело Македонија заедно со Србија и Албанија да влезе во ЕЕА?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Што би значело Македонија заедно со Србија и со Албанија да влезат токму во Европската економска зона (ЕЕА)?

На ова прашање ни одговори професорот Марјан Бојаџиев од Американ Колеџ Скопје кој гостува вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

„Што воопшто значи ЕЕА? Тоа е тоа кога ќе отидете на граница и, наједноставно кажано, има влез на кој што пишува ЕУ, ЕЕА и ЦХ (Европска Унија, Европска економска асоцијација и Швајцарија). Ние би можеле да влеземе на тој влез што е првата практична придобивка за сите граѓани. Второ – апсолутно е зона на слободна трговија, царинска унија т.е. безцаринска унија внатре во регионот, третото е партнерски однос – тоа што сега ние го немаме и четвртото и најважно е владение на правото – што гледаме дека е најголем проблем“, посочи Бојаџиев.

На констатацијата на модераторот дека токму тука се и најголемите забелешки на ЕУ која вели дека владеењето на правото и високиот степен на корупцијата се рак-рана на македонското општество, професорот Бојаџиев посочува дека токму владеењето на правото може да се подобри преку ЕЕА бидејќи се прифаќаат правосудните реформи на ЕУ.

„Не велам дека е автоматски ќе се примени, меѓутоа е чекор кон подобрување на таа приказна“, додава Бојаџиев.

Во продолжение целата изјава:

Целото интервју со Бојаџиев можете да го погледнете на ТВ21 во 19:10 часот.