Што да направите ако дојде до прегревање на моторот на автомобилот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Летните горештини во комбинација со долгите патувања, може да доведат до проблеми со системот за ладење на моторот, повеќе од вообичаеното.

Околу овој голем прболем кој може да се случи на возачите, пишува „Ревијахак“ кој апелира што треба да направите доколку дојде до прегревање на моторот.

Прегревањето на моторот по некое непишано правило се случува онаму каде што најмалку сакаме, на автопат или на некое место на отворено, каде што не можеме да се сокриеме. Ако се најдете во таква ситуација, еве неколку совети.

Кога стрелката за температурате ќе влезе во црвеното поле, погрешно е веднаш да го изгасите моторот, затоа што тогаш престанува циркулацијата на разладната течност и доаѓа до уште поголема температура која може да доведе до оштетување на моторот. Тоа важи за турбо моторите кои се ладат со маслото, а работат на висока температура.

Ако е можно, оставете го моторот да работи во лер и исклучете ја климата. Ако немате деца во автомобилот, вклучете го греењето, а вентилаторот наместете го на најголема брзина, така значајно ќе го разладите моторот.

Ако е можно, отворете ја хаубата. Никако немојте да го отворате капачето на ладилникот, затоа што течноста е под голем притисок, и може да дојде до последици.

Во случај да немате мерач на температура во вашето возило и автомобилот да ви прегреал, тогаш треба да го изгасите моторот.

На крајот пред секое долго патување, посетете механичар, проверете ја течноста во ладилникот, и нивото на маслото во моторот.