Каква придобивка има албанската политичка сцена од повторното враќање на Муса Џафери? Универзитетскиот професор Нури Беџети следејќи ги трендовите и новите предизвици во Македонија, вели дека би било подобро покрај Џафери да дојдат уште многу млади, но додава дека времето ќе покаже дали неговото враќање е добра или лоша порака за младите кои сакаат да се вклучат во партија.
-Видете ќе бидат отворен, Муса Џафери е човек со искуство во политика, не е дека нема искуство, тој е еден од луѓето со најголемо искуство во политиката, но треба да се потсетиме дека во 2016-та за да го спаси образот на Муса, фигуративно кажано, требаше да се разрешат сите министри Албанци. Ова е реалноста што се случи во тоа време, значи „паднаа“ сите министри, заедно со него“, вели универзитетскиот професор Нури Беџети.
Аналитичарот Арбен Лала не верува дека Муса Џафери би се вратил на некоја владина функција, туку би можел да заземе некое политичко-партиско место.
-Не верувам, тоа е сон. Муса Џафери треба да ужива во своето пензионирање, но може да остане фигура во политичката сфера, во ДУИ, но вон ДУИ тој никогаш не може да носи одлуки. Секој негов обид, жал ми е да кажам бидејќи придаваат значење на фигурата на Муса Џафери кога се знае дека е веќе истрошен политичар. Десетина година беше вицепремиер и ја покажа својата неспособност во областа на политиката. Би сакал да кажам дека нема некаков кредибилитет во пошироката албанска јавност“, рече аналитичарот Арбен Лала.
По 6-годишен молк, далеку од очите на јавноста, еден од највисоките фигури на ДУИ и некогашен вицепремиер, Муса Џафери, повторно се врати на политичката сцена преку т.н. „огнена група“ која ги критикува актуелните министри интегративци во Влада.
