27 април, 2017. Отворањето на вратите на Собранието од страна на еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ предизвика толпата демонстранти да влезе во законодавниот дом напаѓајќи ги народните избраници. Меѓу нив најлошо помина пратеникот и лидер на АА, Зијадин Села. Додека тој беше жртвата, на другата стран во толпата беше Христијан Мицкоски, сега лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Чудно, 3 години подоцна, Мицкоски и Села, заедно со лидерот на Ачтернатива, Африм Гаши се подготвени за соработка, најпрво за локалните избори.
Спротивставени ставови имаат многу. Уште кога се амнестираа вмешаните во настаните од 27 април (19.12.2018), пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа ЗА, а од другата страна Села тврдеше дека со ова “го убиваат по втор пат“. Села сега вели дека не му паѓа на памет во име на тој настан да ги амнестира погрешните политики на Заев.
„Луѓето кои во тоа време ги организираа тие настани, денес се рамо до рамо со Зоран Заев, други политичари од албанскиот блок кои го славеа физичкото елиминирање на Зијадин Села денес се во влада заедно со Зоран Заев, затоа настаните од 27 април денес се однесуваат на владата а воопшто не на опозицијата“, посочи Зијадин Села.
Одговорност не преземаат политичките партии, туку одредени индивидуи, вели лидерот на АА, додека од друга страна тој на ВМРО ДПМНЕ вели дека му е жал за тоа што се случило на 27 април. Но и доколку 27 април се занемари, подавајќи рака за соработка, лидерите немаат исти ставови и за други работи, како Преспанскиот договор ниту за законот за употреба на албанскиот јазик. Што реално ги поврзува овие политички субјекти?
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека доколку Мицкоски и Села сакаат да дејствуваат како опозициски блок, треба да ги надминат разликите што ги имаат. Наоѓањето заеднички наратив ќе донесе до зајакнување на соработката, вели тој.
„Ако од актуелното мнозинство се промовираат идеи дека на локалните избори може да се оди со заеднички листи, со заеднички кандидати, ако имаме промена на наративот на ВМРО-ДПМНЕ, ние реално може да очекуваме тоа да се случи и кај албанскиот блок, со цел да си ги измерат силите. Доколку се направи измена на наративот, тој ќе продолжи и на парламентарните избори, сигурен сум“, вели Алберт Муслиу.
Муслиу додава дека не е лесно за ВМРО-ДПМНЕ да го смени наративот за прашања како договорите, уставните измени и друго, со кои постојано ја напаѓаа власта. Но сега за сега точката што ги обединува албанската и македонската опозиција е борбата против пандемијата. Може да платат политичката цена а соработката што ја прават, но тоа прашање може да биде претходно искалкулирано.
„Секогаш кога се прават чекори кои не се традиционални, се плаќа и политичка цена, но тие секако дека ќе пресметаат дали добивката ќе им биде поголема од цената, или пак цената ќе биде повисока од добивката и врз основа на тоа ќе одлучат“, додава Алберт Муслиу.
