Што направи Алтернатива две години во Влада!? – Ибрахими: Овозможивме отворање на преговорите со ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред две години партијата на Африм Гаши донесе одлука за влез во Влада. Од оваа партија постојано тврдат дека се првата албанска партија во историја кои станаа дел од Владата со објавен и потпишан договор. Но што е реализирано од таа програма во текот на овој временски период? Секретарот на Алтернатива, Зекирија Ибрахими рече дека се реализирани целосно првите две точки – почетокот на преговори со ЕУ и не зголемувањето на цената на струјата, минатата година, а ќе се реализираат и неколку други ветувања.

„Направена е финалната верзија на писмото што ќе оди до Европската комисија за случаите за кои постои сомневање дека имаат политички импликации и ова е уште едно прашање што ќе треба да оди помине во Владата сега откако е комплетиран текстот на писмото. Во однос на законите за извршители и за семејства, подготвени се амандмани и влезени се во собраниска процедура, од наша страна се е завршено и очекуваме и останатите да го потпишат тоа писмо и да ја исполнат својата обврска“, вели Зекирија Ибрахими.

Ибрахими за ТВ21 рече дека неговата партија овозможи две држави, и Северна Македонија и Албанија, да ги отворат преговорите со ЕУ.

„Ако Алтернатива не влезеше во 2021 година во Влада, тогаш ниту Северна Македонија, ниту Албанија немаше да ги започнат преговорите за влез во ЕУ. Одлуката на Алтернатива, како што би рекол Неил Амстронг, е мал чекор за Алтернатива но голем чекор за Балканот“, додаде Зекирија Ибрахими.

Ибрахими смета дека ААА уште ја плаќа цената за влез во Влада кај гласачите,. Во меѓувреме, тој им порача на коалициските партнери да не се однесуваат со презир кон овој политички субјект, бидејќи тие одиграа важна улога во 2021 година.