Што се случи меѓу АА и Беса? – Тие биле поблиски отколку со Алтернатива

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Липково, Тетово, особено сите други општини ќе бидат на коалицијата Алијаса со Беса. Успеси, Биљал, нека ни е со среќа.

Соработката ја почнаа уште на локалните избори во 2017 година. Претседателот на АА, Зијадин Села го поддржуваше лидерот на Беса Биљал Касами за кандидат за градоначалник на Тетово. Уште од тогаш Села најави дека соработката нема да заврши со локалните избори, туку ќе продолжи на парламентарните.

„Сомнежи за нас може да има Движење Беса, но можеме и ние да имаме за неа. Од друга страна прашањата кои не обединуваат се многу поголеми од сомнежите кои може да ги имаме. Јас го предупредив и на другите средби, верувам дека се согласивме со Движење Беса, со нејзиниот претседател – дека ова не е коалиција само за локални избори, немојте да имате дилема, ова е почеток на најавената коалиција и за парламентарните избори. Реално ДУИ има зошто да се плаши“, истакна Зијадин Села.

Села и Касами соработуваа и на претседателските избори поддржувајќи го Блерим Река како кандидат за претседател.

Неколку месеци потоа, Касами излезе со став дека претпочитал предизборна или постизборна коалиција со АА како две опозициски партии.

„Ние би претпочитале предизборна коалиција со цел опозицискиот глас да биде сигурен дека конечно ќе дојдат промени во Северна Македонија. Секако доколку нема повторно ваква соработка и по изборите, ние би преферирале ваква соработка со АА бидејќи сега сме поблиски како опозициски партии“, додаде Биљал Касами.

Ова Касами го најави и на телевизиите во Тирана на почетокот на оваа година.

„Силен ангажман на Движење Беса во овој период е нејзините сили да одат со другите опозициски сили со цел да формираме силен опозициски блок и на гласачите на опозицијата да им понудиме победничка опција“, порача Касами.

Повикот на АА за тројна коалиција меѓу АА, Беса и Алтернатива не стана реалност. Понудата на Села доби одговор само од Алтернатива но не и од Беса.

Оваа вест Села вчера ја соопшти во директно вклучување на неговиот Фејсбук профил, без присуство на новинари, избегнувајќи ги прашањата и оставајќи прашање што се случи меѓу него и Касами? Сепак Села во неговиот говор не ја отфрли можноста дека вратата за соработка се уште е отворена.