Што се случува со телото кога секој ден ќе истрчате по 1,5 километри?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Трчањето е физичка активност која или ја обожавате, или ја мразите. Но, оваа активност има свои предности за здравјето. Освен што го намалува ризикот од срцев удар и го намалува нивото на шеќер, им помага на белите дробови да работат подобро. Додаден бонус е со само еден и пол километар дневно, ја исполнувате препораката на Американското здружение за здравје на срцето од 150 минути умерено вежбање или 75 минути енергично неделно.

Во споредба со одењето, трчањето троши повеќе калории, поттикнува брзо согорување на мастите. Меѓутоа за оние кои се опоравуваат од повреда или кои се на почеток од своето фитнес „патување“, не е сигурна опција. Трчањето остава голем стрес на мускулите, па со тоа се зголемува ризикот од повреди на нозете и колената.

Еве што може да очекувате ако одлучите да трчате 1,5 километри на ден:

-Градите посилно срце и бели дробови – секојдневното трчање може да го смали крвниот притисок, нивото на холестерол, а двете промени ќе бидат корисни за вашето срце. Трчањето овозможува и здрав проток на крвта, и го подобрува функционирањето на белите дробови.

-Ги зајакнувате мускулите – трчањето овозможува вежбање на целиот долен дел од телото, грбот па дури и сите мускули од трчањето имаат корист. Но, некои мускули се повеќе изложени на стрес, па здравствените научници препорачуваат да не претерувате и да не трчате повеќе од 3-4 пати неделно, затоа што и одморот е многу важен

-Го поправате расположението – редовното трчање ослободува ендорфин, хормон на среќа и го намалува стресот.

-Опасно е за кожата – Иако секојдневното трчање го зголемува крвотокот, сепак, престој на отворено ја изложува кожата на штетните УВ здраци кои го убрзуваат процесот на стареење на кожата. Ако одлучите да трчате на сонце, обавезно намачкајте се со крема за сончање.