Авион Боинг 737-800 на Американ Ерлајнс се запали веднаш по принудното слетување во Денвер, а патниците беа принудени да се евакуираат со помош на тобогани.
Сите 172 патници и шест членови на екипажот сигурно го напуштија авионот. Шест лица биле пренесени во болница.
Летот бил од Колорадо до Далас, но морал да слета во Денвер откако екипажот пријавил на вибрации на моторот.
Компанијата „Американ Ерлајнс“ соопшти дека авионот сигурно слетал и стигнал до аеродромот, а потоа дошло до проблеми поврзани со моторот.
Авионот бил стар 13 години, и бил опремен со два мотори CFM56, произведени во соработка помеѓу GE и Safran.
ФАА најави истрага за инцидентот. Пожарот веќе е избаснат, а летовите продолжиле без прекин, соопштија од аеродромот во Денвер.
Боинг засега одбил да го коментира инцидентот и ги префрли сите прашања до Американ Ерлјанс.
Ова е само уште еден во низата инциденти во САД кои ја доведуваат во прашање безбедноста на воздушниот сообраќај. Меѓу нив е и судирот на авион на Американ ерлајнс со воен хеликоптер на 29. јануари при што загинаа 67 лица.
#BREAKING: A American Airlines Boeing-737 diverted to Denver International Airport after their engine reportedly caught fire. Passengers can be seen evacuating the burning aircraft. pic.twitter.com/wzfqllicVB
— Insider Wire (@InsiderWire) March 14, 2025
