Што треба да знаете за вакцината против Ковид? Цана: Безбедна е и е единствено борбено средство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Можат ли вакцините против Ковид-19 да имаат несакани ефекти и дали пред да се примат треба да се направат дополнителни прегледи? Ова се прашањата кои најмногу ги загрижуваат граѓаните, непосредно пред вакцината да пристигне во нашата земја. Инфектологот, Фадиљ Цана за ТВ21 вели дека вакцините што се во оптек се безбедни, но дека ако веќе сте биле заразни, а ја примите нема да имаат ефект. Тој рече дека луѓето кои го прележале вирусот, како посебна категорија, не се приоритет во процесот на вакцинација. Во однос на тоа колку ќе трае имунитетот на граѓаните кои ќе се вакцинираат, Цана рече дека сè уште не се знае колку трае заштитниот ефект .

-Нормално е дека вакцината во акутната фаза на инфекцијата не може да се прими. На лицата кои ја поминале инфекцијата со Ковид-19, од она што засега е познатото и препорачано, нема да им се негира да се вакцинираат, но тие не се приоритет. Од она што досега го покажаа научните откритија од областа на коронавирус е дека таа категорија во првото тримесечје може да почека, а приоритет да бидат луѓето од ризичните групи-рече Цана.

Но, дали треба да се вакцинираат бремените жени и родилките?

-Трите вакцини за кои е одлучено да бидат во оптек, при нивното истражување и студирање ја немаше оваа категорија на заразени. Всушност, досега нема јасна препорака за вакцинирање на бремените жени или доилките. Сега засега не е пожелно таа категорија на население да се вакцинира-рече Цана.

Кога станува збор за несаканите ефекти на вакцините, Цана претпочита да не се гледаат неколкуте случаи, кои што рече, се исклучок, туку да се гледа позитивниот аспект на вакцината против Ковид-19, која, според него, би ставила крај на вирусот. Фадиљ Цана изјави дека тој ќе ја прими вакцината и ги повика сите да го следат неговиот пример.

-Вакцината е многу безбедна и во моментов е единственото борбено средство, со кое можеме да го видиме крајот на пандемијата-изјави Цана.

Министерството за здравство информираше дека ќе обезбеди 800.000 дози на анти-ковид вакцината од производителот „Фајзер“. И додека некои земји во регионот веќе започнаа со вакцинација, кај нас првите дози се очекува да пристигнат во февруари. Министерот Венко Филипче рече дека преку директни разговори со овој производител обезбедил вакцини за целата 2021 година. Инаку, вакцината „Фајзер“ се чува во ладилник на -70 степени Целзиусови и е одобрена од американската Администрација за храна и лекови.