Што велат докторите? Дали треба да се вакинираме со АстраЗенека? „Без размислување ДА“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На прашањето околу тоа дали треба да се вакцинираме со вакцината АстраЗенека, директорот на Институтот за Имунобиологија и хумана генетика д-р Александар Петличковски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели „Без размислување ДА“.

„Без размислување ДА, треба да се вакцинираме“, истакна д-р Петличковски и додава дека треба да се вакцинираме со било која вакцина што ни е достапна затоа што треба да ги имаме тие 100% заштита и елиминирање на шанса од смрт или тешка болест.

Д-р Горан Кунгуловски пак посочува дека нема никаква опасност која е поттикната од самата вакцина.

„Одговорот е многу јасен, математиката и бројките се многу јасни. Сега излезе и од ЕМА последниот извештај во кој се тврди дека френквенцијата односно преваленцата на тромбоза кај вакцинирани версус нормална популација на невакцинирани луѓе е многу помала, така да нема никаква опасност која е поттикната од самата вакцина во однос на зголемување на ризикот за тромбоза“, порача и д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина.