Што значи за РСМ постигнатиот договор меѓу Србија и Косово, одговара во „ЕуКлик“ вицепремиерот Битиќи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во вечерашната емисија „ЕУКлик“ на ТВ21 посочи дека стабилноста на западен Балкан значи поголема економска можност за целиот Западен Балкан.

„И покрај решавањето на спорот на РСМ со соседите, со Бугарија и Грција, мислам дека беше последниот чекор почетокот на решавање на конфликтот меѓу Косово и Србија. Верувам дека во блиска иднина ќе можеме да имаме финален епилог за проблемот меѓу Косово и Србија, но за нас е важно бидејќи економскиот договор отвора нови за двете држави, но за нас како Северна Македонија всушност исто така отвора можност. Добар дел од тој договор е за подобрување на инфраструктурата, што е и наша цел. Ние не можеме да го развиеме само Западен Балкан со добри нешта на хартија, еднаш засекогаш треба да имаме коридори кои ќе отворат слободно движење и за граѓаните и за стока“, посочи Битиќи.