Авион на Американ ерлајнс, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер Блек Хок во кој се наоѓале тројца војници. Двата летала паднале во реката Потомак, а леталото при падот се распаднало на два дела. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе.
Што знаеме досега за несреќата?
-Со оглед на најновите технологии, вакви несреќи со судари во воздух меѓу две летала ретко се случуваат. Експертите, но и претседателот Трамп рекоа дека оваа несреќа дефинитивно требало и морале да се избегне
-Веднаш по судирот, сите слетувања и полетувања на аеродромот „Роналд Реган“ се откажани или пренасочени
-Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување. Досега се пронајдени телата на 27 лица од авионот и едно лице од хеликоптерот
-Би-би-си дознава дека истражителите се фокусирани на прашањето зошто хеликоптерот летал на таа локација и на таа висина во моментот на несреќата
-Во авионот се превезувале и познати спортисти, меѓу кои и поранешните светски шампиони во уметничко лизгање, Вадим Наумов и Евгенија Шишкова
-Локацијата на националниот аеродром Роналд Реган го прави слетувањето на аеродромот една од најтешките работи за комерцијалните пилоти кои летаат во САД, објасни Дејвид Соси, безбедносен аналитичар на CNN и поранешен истражувач на несреќи
-И авионот на Американ ерлајнс и хеликоптерот Блек Хок пренесоа информации за нивните траектории и височини пред падот. Двата авиона пренесувале различни типови на сигнали, но и двата биле видливи на веб-страницата за следење наречена ADS-B Exchange додека се приближувале еден кон друг. Авионот испраќал сигнали ADS-B, додека хеликоптерот Black Hawk користел друг систем наречен MLAT. Авионите како овој имаат вградени системи за откривање летови во близина, вклучувајќи го и системот за избегнување сообраќајни судири (TCAS)
-„Се чини дека причината за несреќата е човечка грешка“, изјави поранешниот пилот на хеликоптер Пол Бивер
-Неколку моменти пред падот, се слуша како контролор на летање го прашува хеликоптерот дали патничкиот авион на Американ Ерлајнс е „на видик“, според пренесува Си-Ен-Ен. Контролата на летање издава уште едно предупредување, но неколку секунди подоцна се случува несреќата
-Сега е утро во Вашингтон и потрагата и натаму продолжува, иако речиси е невозможно да има преживеани, пренесува Си-Ен-Ен
