Штрајкот во Грција го парализира целиот јавен превоз

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Генералната конфедерација на работници од приватниот сектор во земјава најави 24-часовен штрајк за поддршка на јавниот градски превоз, колективните договори за работа и екипирањето. Протестот се очекува да влијае на услугите на јавниот транспорт низ целата земја.

Сите три линии на метрото и трамваите ќе престанат со работа, а градските автобуси ќе сообраќаат со ограничено работно време од 9 до 21 часот.

Од штрајкот ќе биде погодена и националната железничка мрежа. Ќе учествува и Федерацијата на грчките морнари.

Траектите и бродовите низ државата ќе останат закотвени 24 часа.

Вчера 24-часовен штрајк најавија и новинарите во Грција – во знак на протест против зголемените трошоци за живот и ниските плати, јави ДПА.

„Доживееме серија последователни експлозивни зголемувања на цените што создаваат катастрофална ситуација за семејствата чии приходи се уништени“, соопшти најголемото грчко новинарско здружение.