Штрајкот во образование 10 дена во мирување – не се вратиле сите ученици во училишните клупи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По речиси три неделен прекин на наставата, учениците се вратија во училишните клупи. Не заради тоа што СОНК и Владата постигнаа договор туку бидејќи тоа го побара МТСП, врз основа на законот за мирно решавање на работни спорови. 

Ваквата одлука на СОНК не ја поддржаа повеќето членови на овој синдикат. Стотина штрајкувачи се собраа вчера пред канцеларијата на Неделков за да го изразат своето незадоволство. Велат дека тој не се консултирал со нив. Но првиот човек на СОНК смета дека одлуката вчера била била пренесена погрешно, а увери дека се искрени и работат согласно законот. За да биде поуверлив со себе имаше и адвокати кои ја поддржаа неговата изјава.

Наставата во училиштата се одвиваше делумно бидејќи не сите ученици дошле на настава.

„Започна наставата и сите вработени беа на своите работни места меѓутоа имаше мал број ученици кои денеска дојдоа на настава“, вели Савдије Мустафаи.

Ситуацијата беше иста и во основното училиште Братство-Миѓени во тетово.

„Денеска наставата започна нормално како и секој работен ден, бројот на учениците не е 100%, се надевам во вторник сите ученици ќе дојдат на училиште“, додаде Риза Етеми.

Прашавме во МОН дали имаат податоци за тоа колку уленици и наставници не дошле на училиште денеска, но не добивме одговор. Инаку штрајкот кој започна на 11 април е прекинат за следните 10 дена. Во меѓувреме страните ќе остварат средби за изнаоѓање решение. СОНК не ја прифати последната понуда на МОН за покачување на платите за 12%, тие бараат покачување од 18,4% и усогласување на платите со минималната плата.