Шумскиот пожар кај Чернобил, се доближил на еден километар од напуштената нуклеарка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На само еден километар од напуштената нуклеарна централа во Чернобил се приближи шумскиот пожар што со денови пустоши во евакуираната област во северна Украина, пренесува српскиот портал Б92 потпирајќи се на извори на „Гринпис Русија“.

Тој пожар може да предизвика сериозни последици. Украинската служба за вонредни ситуации со 300 пожарникари се обидува да го изгасне пожарот, а учевствуваат и хеликоптери и авиони кои фрлаат вода од воздух.

Полицијата соопшти дека пожарот гори од 4 април, кога човек запалил сува трева во близина на таканаречената „забранета зона“ од 2.600 метри квадратни околу нуклеарната централа во Чернобил. Пожарот оттогаш се приближува до напуштената електрана.

Наводно била измерена радијација 16 пари поголема од дозволеното во близината на пожарот.