Швајцарија „преплавена“ со респиратори и маски, сега нема што да им прави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Швајцарија е „преплавена“ со респиратори и заштитни маски кои биле набавени во време на пикот на коронавирусот.

Во оваа земја во моментов има повеќе од 200 милиони маски, а треба да стигнат и уште, соопшти министерството за одбрана, потврдувајќи ги пишувањата на „Зонтагс Цајтунг“.

Весникот се повикува на записниците на владината комисија која наведува дека ги враќа на федерацијата респираторите, затоа што немаат каде да ги чуваат.

Кантоните може да ги задржат, да ги продадат на други држави или да ги донираат.

Како растеше пандемијата на коронавирусот, државите побрзаа да набават респиратори. Швајцарија набавила 900 кои стигнале до 24 јуни, од кои 261 се складирани во медицинската служба, а 639 се разделени по кантоните. Се очекуваат уште 300 респиратори да стигнат до крајот на август, кои биле нарачни претходно.