Шварценегер загуби спонзор поради навреда на невакцинираните Американци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Критиката на Арнолд Шварценегер кон противниците на носењето маски го чинеше загуба на голем корпоративен спонзор на претстојниот натпревар во бодибилдинг – „Арнолд класик“. Настанот е закажан за следниот месец, во Охајо (САД).

Глумецот и поранешен гувернер на Калифорнија претходно зборуваше за сериозноста на пандемијата во интервју за Си-Ен-Ен па луѓето што одбиваат да носат маски ги нарече глупави. Тој, притоа, додаде: „По ѓаволите со вашата слобода“.

Компанијата за спортска опрема, „Редкон 1“ кусо потоа објави дека веќе нема да го спонзорира натпреварот за бодибилдинг на Шварценегер поради „опасните и антиамерикански“ забелешки на глумецот.

„Со голема тага објавуваме дека ’Редкон 1‘ одлучи да ја прекине секоја поддршка за ’Арнолд класик‘ и други настани поврзани со Арнолд низ целиот свет“, напиша основачот на фирмата, Арон Сингерман, на Инстаграм.

„Редкон 1“ го спонзорираше „Арнолд класик“ речиси десет години, Сингерман рече дека неговата компанија е „патриотски бренд“ што поддржува „слобода на избор“.

– Секој што вели ’По ѓаволите со вашата слобода‘ – не е американски патриот!, нагласи Сингерман.