Шведски новинар уапсен во Турција – вчера слета во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шведски новинар Јоаким Медин од медиумите „Дагенс ЕТЦ“ е приведен во Турција, потврди за „Афтонбладет“ главниот уредник на медиумот Андреас Густавсон. Се наведува дека новинарот вчера слетал во Истанбул за да ги следи настаните во земјата. Ме носат на распит“, напишал Јоаким Медин во пораката.

Dagens ETC го контактираше Министерството за надворешни работи, рече Густавсон.

Приведени двајца новинари

Како што пишувавме претходно, рано утрово се приведени двајца новинари кои известуваа за антивладините протести во Истанбул, соопшти Синдикатот на турските новинари.

Притворот на новинарите дојде еден ден откако турскиот суд ослободи седум други новинари, меѓу кои и фотографот на АФП, Јасин Акгул, кои претходно беа приведени поради „присуство на нелегален марш“ додека известуваа за масовните протести минатата недела.

„Демонстрациите се шоу“

Ердоган ги отфрли демонстрациите како „шоу“ и предупреди на правни последици за демонстрантите.

Протестите за приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, а особено на студентите во Истанбул и Анкара продолжија и вчера, а полицијата приведе многу од нив, објавија Хабертурк и други турски медиуми.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја вчера изјави дека 1.879 лица се приведени од почетокот на протестите пред повеќе од една недела, додавајќи дека судовите на 260 од нив им одредиле притвор пред судење.

ЦХП повика на масовен митинг во истанбулската област Малтепе во сабота.