Си Џинпинг по 7 години во Северна Кореја на средба со Ким Џонг Ун

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна на својата прва посета на Северна Кореја по седум години.

На аеродромот беше пречекан со црвен тепих и почесна гарда од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговата сопруга, како и од толпи насобрани граѓани кои мавтаа со кинески и севернокорејски знамиња на централниот плоштад Ким Ил Сунг.

Си ги пофали односите меѓу Кина и Северна Кореја, велејќи дека тие се наоѓаат на „нова историска почетна точка“ и дека двете земји „преземаат нови мисии на времето“, како што известија државните медиуми.