Си-Ен-Ен: Многу веројатно дека никој не ја преживеал авионската несреќа во Вашингтон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не се очекуваат преживани лица од несреќата која се случи во Вашингтон, кога патнички авион се судри со воен хеликоптер на слетување на интернационалниот аеродром „Роналд Реган“ во главниот град на САД, јави Си-Ен-Ен.

Шефот на пожарникарската и итната медицинска помош во Вашингтон, Џон Донели, потврди дека службите за итни случаи се префрлаат од операција за спасување во операција за пребарување.

„Не веруваме дека некој ја преживеал оваа несреќа. Извлековме 27 тела од авионот и едно од хеликоптерот“, нагласи тој.