Сиљановска-Давкова: ЕУ да се откаже од пристапот „молчи и слушај“, Македонија треба да ги брани националните интереси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Европската унија треба сериозно да ја преиспита методолијата на преговорите со земјите кандидати и да се откаже од пристапот „молчи и слушај“, смета претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во интервју за МИА.

Според неа, кандидатите за членство не смеат да бидат третирани како помлади партнери без право на сопствен став.

„И кандидатите за кандидати имаат што да кажат. Какви се тие преговори во кои мене ми велите – еве ја рамката, спроведете ја, сменете го Уставот, затоа што сме ние во ЕУ, а вие чекате. Не“, изјави Сиљановска-Давкова.

Смета дека Македонија не треба да се однесува фрустрирано поради тоа што е мала држава.

„Мора да ги изнесете националните ставови и да ги браните, а таков ќе биде и односот кон вас“, рече претседателката, и смета дека и во ЕУ требаат длабоки реформи.

„Европските вредност и принципи мора да важат подеднакво за сите“, изјави Сиљановска-Давкова.