Сиљановска-Давкова: Слушнав убави зборови за Савески од судската фела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека слушнала многу убави зборови од судската фела за новиот државен јавен обвинител Ненад Савески.

„Слушам ставови кои велат дека се работи за докажан професионалец со капацитет за реформир. Во судскиот совет ако се сеќавате се применија поинакви критериуми, и отворено кажувам дека сакам сите да подлежат на јавно пренесувано интервју, на презентирани биографии, атоа што граѓаните имаат право да знаат кој е избран. За транспарентност сум, иако не секаде има седници од јавни обвинителства“, вели Сиљановска-Давкова.