Сиљановска-Давкова за кризата на Блискиот Исток: Гледам со загриженост, но и со надеж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на кризата на Блискиот Исток гледа со загриженост.

Како што вели, исто така гледа и со надеж.

„Имаме 100% усогласена надворешна и безбедноста политика со Европската Унија. Самиот НАТО е врзан не само со членки од ЕУ, туку и со САД. Дури и одредбите внатре гарантираат одбрана или заштита на членка на било која земја членка доколку биде нападната. Толку се искомплицираа проблемите во светот, што сите ние бдееме“, вели Сиљановска Давкова.