Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Италија во вторникот наутро.
Потресот бил регистриран во 10:15 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал околу 18 километри северозападно од Ливорно и девет километри југозападно од Пиза, на длабочина од околу девет километри.
Поради релативно малата длабочина, земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион на Тоскана. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
Италија се наоѓа на едно од најсеизмички активните подрачја во Европа поради судирот на Африканската и Евроазиската тектонска плоча, поради што земјотресите со различен интензитет се честа појава во земјата.
