Силен земјотрес ја погоди Јапонија, се тресеше со 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија.

Земјотресот е регистриран на 8 километри од градот Мијазаки, на длабочина од 37 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Првиот коментар за ЕМСЦ од граѓани кои случајно биле оддалечени дури 262 километри од епицентарот е дека целата просторија „се тресела и поместувала“.

Поради овој земјотрес, е издадено предупредување за цунами од еден метар.