Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Ел Салвадор, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 127 километри, соопшти ГФЗ, пренесува Ројтерс.
Засега нема податоци за жртви или материјална штета.
