Силен земјотрес утрово ја погоди Албанија, се тресеше и во Црна Гора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес утрово во 4:20 часот е регистриран во Албанија, во близина на границата со Црна Гора.

Земјотресот бил со јачина од 4,1 степен според Рихтер, а се случил на подрачје меѓу Скадар и Подгорица.

Бил на длабочина од 16 километри, пренесува РТЦГ.

Следувал помал потрес од 3,4 степени после 20 минути.